Не е пожелно да барате утеха во ова, но ако искушението е премногу големо тогаш ајде да почнеме…
Најдобриот начин е да му покажете дека живеете добро и без него. Вистинската среќа се чита на лицето, но сега во вашата ситуација откако сте преживеале болка при разделбата, ќе треба да го искористите актерскиот талент, да си „залепите“ широка насмевка на лицето, секогаш кога сте во негово присуство.
Не престанувајте да се грижите за себе, да спортувате, да имате социален живот. Вашите заеднички пријатели и познати ќе го информираат (секако) за тоа колку добро се одразила на вас разделбата.
Воздржете се од поставување на депресивни статуси на фејсбук. Можете да ја искористите социалната мрежа за да му покажете на бившиот дека животот за вас продолжува, поставувајќи информација за местата кои сте ги посетиле и за луѓето со кои сте се запознале.
Секогаш изгледајте добро – дури и преку ден на кафе, за да сте спремни за евентуална средба со него. Освен тоа, кога сте средени, вашата самодоверба расте. Тој треба да види каква жена изгубил…
Кога ќе се сретнете, обидете се да не покажувате колку многу сеуште ве привлекува. Но не се однесувајте и ладно, зошто тоа исто така ја издава болката и разочарувањето од разделбата. Бидете сосема природна и насмеана, како што сте со вашите пријателки.
Секогаш вие бидете таа што прва ќе стане, ако сте во друштво со него. Најдобро е да кажете дека сте закаснале за некаде без да давате детали.
Не го прашувајте за планови за неговота блиска или далечна иднина. Така ќе сте многу поуверлива дека веќе не се интересирате од неговиот живот.
Најдобрата тактика да ја надминете болката од разделбата е да се фокусирате на сопствениот живот! Ако вие сте самоуверена, среќна, исполнете, средена, насмеана жена, тогаш бидете сигурна дека тој еден ден ќе жали што повеќе не сте заедно. Но тогаш ти веројатно ќе знаеш дека штом тој не го видел тоа, тој не е вистинскиот за тебе! Во меѓувреме држете се до оваа стратегија! Успех!