Како да препознаете дека некој ве лаже?

popara3 мај, 20151min00
16

Се сомневате дека некој ве лаже? За среќа, и најуверливите лажговци несвесно се издаваат, важно е само да знаете на што да обрнете внимание. Следниве 9 трикови ќе ви откријат дали навистина си имате работа со лажго.

1. Премногу размислува

Лажењето не е лесно и бара многу концентрација. Ако разговарате со некого и таа личност одеднаш почне многу да размислува, тоа е знак дека можеби не ви ја кажува вистината.


2. Недостасуваат детали

Веќе рековме дека лажењето бара концентрација и лажговците мака мачат да ја усогласат измислената приказна, па ако им побарате дополнителни информации околу тоа што го зборуваат, ќе забележите дека им фалат детали. Ако временскиот распоред на настаните ви е чуден, можно е да ве лажат. Поставете некое неочекувано прашање и ако соговорникот се збрка, знаjте дека си имате работа со лажго.


3. Избегнување на погледот

Соговорникот никако не сака да ве погледне во очи? Да, веројатно ве лаже. Истото се однесува и за наглите потези со глава и зачестеното трепкање – сето тоа покажува дека на соговорникот му е непријатно и сака што поскоро да си замине.

kako-da-prepoznaete-deka-nekoj-ve-laze-2

4. Пискаво зборување

Ако забележите дека соговорникот го забрзува темпото на зборување и почнува да звучи пискаво, тоа е знак дека не е искрен со вас.


5. Лицето го издава оној што сака да скрие нешто

Сè што е потребно е внимателно да го набљудувате лицето на соговорникот. Ако почне често да го допира лицето, можно е да сака да скрие нешто. Обрнете внимание на појавата на фацијалните тикови, како и на наглото менување на изразот на лицето.


6. Не зборува во прво лице

Ако некој ве лаже, ќе забележите дека нема да користи зборови кои содржат емотивна обоеност, како и тоа дека нема да раскажува за случката во прво лице.


7. Верувајте му на инстинктот

Ако нешто од внатре ви кажува дека приказната е чудна, верувајте му на шестото сетило. Штом имате чувство дека ве лажат, најверојатно навистина ве лажат.

kako-da-prepoznaete-deka-nekoj-ve-laze-1

8. Празен израз на лицето

Кога некој лаже, тој не е вистински анимиран додека разговара. Насмевката делува извештачена или пак усните се свртени надоле кога личноста која лаже зборува или се смее.


9. Помалку зборува

Ако забележите дека некој престанува да зборува на сред разговор, ова може да биде уште еден знак дека таа личност нешто крие од вас.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag