Доколку сметате дека имате лоша судбина и сакате нешто да промените во врска со тоа – имаме неколку корисни совети за вас!
– Не бидете одмаздољубиви! Тој кој што ви направил лошо, ќе си го добие заслуженото! Но не од вас!
– Внимателно бирајте ги вашите постапки. Доколку со нив може да повредите некој, тогаш не правете ги!
– Помагајте и правете добри дела, без да очекувате нешто за возврат! Доколку сакате да имате корист од тоа, тогаш тоа ниту ве прави подобар човек, ниту ја менува вашата карма.
– Сами сносете си одговорност за вашите дела. Вината не ја префрлајте на другите!
– Правете најмалку по едно добро дело на ден!
– Не им посакувајте лошо на другите! Негативната енергија се враќа!
– Извинете се, доколку сте згрешиле!
– Постапувајте со срце, а не со разум!