Како да се справите со „цицачите“ на енергија во вашиот живот?

popara10 мај, 20151min00
2

Како да се справите со негативните и намуртени луѓе кои имаат постојана желба на еден или друг начин да ви земат барем малку од енергијата (ако не целата).

Ќе се судрите со многу такви, верувајте ми. Всушност, најверојатно во моментов сте опкружени со нив. Погледнете добро. Насекаде се. Јас не ги забележував околу 30 години. Во последните две, донесов конкретна и јасна одлука да почнам да ги исклучувам сите, еден по еден од мојот живот. Така почнав да комуницирам со луѓето кои ми помагаат да се пронајдам во сите сфери на животот, во кои сакам да се развивам, а не обратно. Вистината е дека поголемиот дел од нив, кои имаат постигнато успех во одредена област, знаат колку е тежок тој процес и со радост им помагаат на другите, кои имаат желба да го сторат истото.

Неодамна се видов со една од прекрасните мои братучетки. Таа со мене сподели дека постојано има некој кој и се жали и со неа ги споделува сите проблеми.

“Станав како канта за душевен отпад” – ми рече таа. Разговаравме некое време за ова заедничко сценарио. Зошто ли откако го исфрлат негативниот отпад, овие луѓе забораваат да ги споделат и позитивните емоции? -Бидејќи сакаат да ја задржат позитивната енергија само за себе. Полесно е. А и послатко е. А ѓубрето несвесно се прелева кај нас…  Доволно е  да го прифатиме, се разбира, затоа што изборот повторно е во наши раце.

Работата е дека сме воспитани тоа да го правиме. Програмирани сме да го правиме. Многу тешка програма за која е потребен подолг период на деинсталацијата.

Дали се сеќавате кога последен пат имавте средба со некого кој ве остави без сили и со силна главоболка? Јас имам доста такви спомени. Но, не и од последните месеци. Еден од најубавите подароци кои можете да си направите е да ги ограничите до минимум врските со вакви луѓе.

Во последно време сите се обидуваат да „влезат“ во некој бесмислен спор и да поддржуваат некоја теза, која најчесто не е нивна. Важно им е да има спор. На почетокот и јас се вклучував во спорот. Голема грешка. Ја црпи целата енергија!

Единствените корисни чекори кои можете да ги направите во ваков случај се следниве:

1. Да се игнорира целосно, целосно и безусловно посочениот човек.
2. Да престанете да мислите за него.
3. Никогаш да не го споменете каде и да било.
4. Никогаш да не зборувате зад неговиот грб.

Дури и да се обидете да дадете совет или да ги објасните аргументите, тој / таа едноставно нема да ве ислуша и да ги земе предвид вашите аргументите.  Ако направите 100 добри работи и една лоша – ќе се фатат за лошата. Едноставно не може да се помират дека некој во нешто е подобар од нив.

Многу е важно никогаш да не влегувате во разговор со нив, за што и да било. Голем дел ќе ве демнат, за да можат повторно да ја добијат својата “мала војна” на “големото его”. И да продолжат да се хранат од вашата  енергија. Немате потреба од тоа.

Убаво е да не мислите за нив. Ова веќе го спомнав, но важно е да се повтори. Мене ми требаа години. И уште слушам од време на време тенко гласче некаде во главата, што ми вели “Ама, тој не е во право, пак пишувал глупости. Ајде да му објаснам како стојат работите!”.

Не. Тоа е веќе Вашето сопствено его, кое исто така, сака да се храни со енергија. Но, чувајте си ја енергијата за вашите цели и намери. Само така ќе бидете позитивни во вашето живеење.

Нели сите знаеме дека не можеме да помогнеме на друг ако најпрво не си помогнеме себе си? Нема како да ги сакаме вистински луѓето околу нас, ако пред тоа не сме се научиле да се љубиме себе!Исчистете го вашиот емоционален багаж, од кој веќе немате потреба. И без тоа сте го носеле премногу долго. А тој тежи повеќе од сè друго.

Потоа е добро да се научите да си го држите орманот чист и уреден 🙂 Полн со облека која пријатно мириса. И тогаш веќе можете мирно и со дигната глава да продолжите напред. Не дека луѓето кои сакаат да си земат парченце од вас ќе исчезнат. Напротив, ќе станат уште побројни. Но, вие ќе бидете посилни!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag