Сигурно сте размислувале што би направиле во брак доколку партнерот ве изневери. Дали воопшто би можеле да преминете преку тоа и да му простите. Или разводот е единствен излез.
Еве како да се справите со тоа.
Најпрво мора да бидете сигурни дека вашиот сопруг ставил крај во контактите со другата личност. Тоа би значело никакви телефонски повици, комуникација на социјалните мрежи и слично. Доколку на партнерот тоа не му се допадне, ќе мора да ставите крај на вашиот брак.
Не мислете постојано на тоа што се случило и не употребувајте го како аргумент во секоја кавга.
Разговарајте со вашиот сопруг за неверството. Зошто го направил тоа? Што му недостига во вашата врска? Дали добил нешто повеќе со изневерувањето?
Не обвинувајте се себе си за тоа што се случило. Лесно е да ги гледате мааните кај себе и во вашата врска, но вие не сте тие кои одлучиле да изневеруваат.
Работете на повторно стекнување на доверба на вашиот партнер. Еден од начините е да ви кажува што прави кога не е со вас, но само додека не почувствувате дека можете повторно да му верувате.
Не обвинувајте ја личноста со која ве изневерил. Иако тоа е најлесното нешто, вашиот партнер е тој кој ја злоупотребил вашата доверба.
Разговарајте со него за вашите чувства после неверството, вашата врска и сѐ што очекувате од него во иднина. Најважно е да бидете искрени.
Полека градете ја врската и разгорете ја страста која сте ја имале во минатото. Одете на романтична вечера, држете се за раце, вратете ја романсата во вашиот брак.
Не очекувајте дека лесно ќе заборавите. Неверството страшно боли па затоа дајте си време и бидете трпеливи.
Не плашете се да кажете „збогум“ ако не можете повеќе да му верувате, а тоа ви пречи во секојдневниот однос. Секоја врска се темели на заедничка почит и доколку ни тоа не го добивате од партнерот време е да се разделите.