Како Џесика Алба се избори за својата фигура по породувањето?

popara5 декември, 20151min00
1

Со оглед на тоа дека таа е една од холивудските актерки со убаво обликувано тело, Џесика Алба открива дека многу се трудела да ја задржи својата фигура по породувањето.

Таа искрено кажува дека не е се до вежбањето и макробиотичката исхрана, бидејќи во нејзиниот случај помогнала и упорноста во носење двоен корсет.

– Беше брутално, тоа не може секој да го поднесе. Го носев корсетот три месеци, дење и ноќе. Секогаш се потев, но вредеше!

Во последните пет години, Џесика ја основа својата прва компанија „The Hones Company“ која продава еколошки прифатливи производи, ја напиша книгата „The Hones Life“ која го достигна третото место на листата за бестселери на „Њујорк Тајмс“, се омажи за претприемачот Ворен Кеш и стана мајка на две девојчиња. Во меѓувреме и се појави во неколку холивудски хита, како што е продолжението на „Син Сити: Дама за која би убил“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma