Како е да се биде заљубен во зависник?

popara26 октомври, 20151min00
Како е да се биде заљубен во зависник?

Не сите искуства се лесни за раскажување и разговарање, посебно не ако се работи за љубов во која еден од партнерите се бори со зависност.

Поаѓајќи од фактот дека зависноста е релативно честа појава во модерниот живот, двајца танчари ги здружиле силите и танцуваат заплеткани во сите емоции.

Идејата е на една француска креативна агенција и кореографот Зак Бенитез.

„Низ танцот ги гледаме последиците на девојката која се бори со зависноста на партнерот и личноста која тој некогаш бил, само за да им подлегне на неговите демони и да се нурне во неговата зависност,“ стои во описот на видеото.