Како го преживеав разводот: Мојот живот една година подоцна

popara5 мај, 20151min00
12
Ќе споделам со вас една година адаптација, борба, триумф, тага и радост. Да, радост за да добиете надеж додека стоите на работ од амбис поради вашиот развод, напишала Џули Коноли на својот блог.

Блогерката и коавторка на книгата „Тргнете северно после разводот“, Џули Коноли, се развела пред една година и одлучила на својот блог да опише низ што се` поминала и што се случило после една година тага и болка.

„Мојот развод беше конечен минатиот март, ако ме прашавте тогаш како ќе изгледа мојот живот, веројатно би ве погледнала рамнодушно. Немав поим. Имав само надеж, надеж дека мојот живот ќе стане полесен и подобар. Бев емотивно истоштена, соочена со самотијата, ми се чинеше дека пред мене има бескрајно тешки искачувања без јасно дефинирани дестинации.

Ако и вие се наоѓате на ова место, тогаш задолжително продолжете да читате. Ќе споделам со вас една година адаптација, борба, триумф, тага и радост. Да, радост за да добиете надеж додека стоите на работ од амбис поради вашиот развод. Многу работи можат да се случат во една година, а некои од нив можат навистина да бидат добри.“

За да ја спознаете основата, во март минатата година бев во следниот стадиум:

» Не бев подготвена да излегувам со некого.

» Ме фати паника поради финансиите.

» Мислев дека мојот ужасен избор на партнер е виновен што ќе останам сама на прагот на четириесеттите, додека сите мои пријатели беа среќни во брак.

» Сакав доказ дека нешто добро ме чека во иднина.

» Бев загрижена дека можеби најдобрите години беа зад мене.

» Се обидував да сфатам што всушност се случи.

Една година подоцна, ситуацијата е следна:

» Излегувам со прекрасен, комуникативен човек.

» Блескам со самодоверба и повторно се смеам (многу).

» Се` уште сум загрижена поради финансиите, но има надеж.

» Се занимавам со прекрасна работа, со нови забавни колеги.

» Тагувам, затоа што го гледам татко ми како ја губи битката со ракот.

» Одлучена сум веќе никогаш да не се задоволувам со нешта кои имаат помала вредност од мојата.

» Се помирив со минатото.

Се наоѓам на крајот од својата дестинација, но на добро место сум. И вие може да живеете вака, но мора да научите да си простите себе си и на другите, да се сакате затоа што само така ќе може да пуштите други луѓе во вашиот живот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag