Актерката и модел Мишел Киган магазинот FHM ја прогласи за најсексапилна жена на светот за оваа година. Таа на оваа листа ги победи и Кендал Џенер и Џенифер Лоренс. Токму затоа секој нејзин чекор се следи со големо внимание, а ова посебно важи за моментите кога убавата Британка го покажува своето вистинско лице, без грам шминка.
И таа е убава и без шминка! И воопшто не мора да се крие од папараците!
Мишел очигледно добро се грижи за својот изглед, при што негата на лицето ѝ претставува приоритет. Во нејзината исхрана предност има пилешкото месо, омлетот, салатите, овошјето и јаткастите плодови. Но Мишел умее и да се опушти, па понекогаш знае да ужива и со чипс и сендвичи.
Мишел тренира редовно, а кога е зафатена, тренинзите ги практикува само три до четири пати неделно, а таа вели дека вежба и во својот дом, и тоа со снимки од YouTube мрежата.
Taa e популарна и во дизајнерските води, а во модата нејзин пример е токму иконата на стилот, Викторија Бекам. А за убавиот изглед со сигурност е заслужна и среќата и љубовта коишто ја следат Мишел.
Убавата актерка е во брак со британскиот манекен Марк Врајт. Тие двајца важат за еден од најатрактивните познати парови.