
Целото истражување се одвивало по принципот да се составуваат делови од познати машки ликови, земајќи го од секого она што сметаат дека најмногу им се допаѓа, за на крајот да се состави некој вид на фото робот, прототип на идеалниот маж.
Според крајните резултати, мажите очигледно воопшто не знаат што навистина им се допаѓа на жените, бидејќи нивниот избор не се поклопува во ниеден дел.
Мажите во Велика Британија сметаат дека идеалниот маж кој го посакуваат жените треба да има коса на Џастин Бибер, лице на Жерар Батлер, раце како Хју Џекмен, торзо како Дејвид Ганди, а нозе како Кристијано Роналдо.

Идеалниот маж според жените во Велика Британија има коса како принцот Хари, лице како Џејмс Корден, раце како Педи МекГинис, торзо како Бен Коен и нозе како Џонатан Рос.

Иако мажите сметаат дека жените би одбрале некој кој е крајно секси, згоден и шармантен, тие сепак го сакаат момчето од соседството кое е скромно, фино и симпатично.
