Како најдобро да го исчистите екранот на телефоните и таблетите?

popara23 април, 20151min00
13

Ерата на компјутерите кои се контролираат со глувчето и тастатурата полека замира, а нивното место го преземаат екраните кои се осетливи на допир. Еден од проблемите на таквите екрани е што се многу осетливи на валкање, па потребно е редовно одржување.

За среќа, тоа не е воопшто комплицирано и единственото што ви треба е микрофибер крпче.

Додека обичните екрани најмногу се валкаат од тоа што привлекуваат прашина, оние кои се осетливи на допир најмногу се валкаат со дамки од прстите кои лесно се лепат на стаклените и пластичните површини и потоа се вистинска подлога за останати валканици.

Чистењето не бара посебна опрема или хемикалии, но затоа бара редовност. Потребна е само микрофибер крпа, која или ја имате со некој од гаџетите со екрани осетливи на допир или пак ја имате од очилата. Дури и ако немате тие се исклучително евтини и лесно може да ги набавите.

Многу е важно при чистењето да не го стискате многу екранот и да работите со изгасен уред.

Во случај тоа да не функционира, Линколн Спектор од PCWorld советува користење мешавина од 50:50 на дестилирана вода и бел вински оцет. Течноста треба да се нанесе прво на крпчето (никако директно на екранот). Пожелно е уредот да е изгасен пред да почне чистењето, а по мокриот третман, сушењето треба да се изведе со микрофибер крпа.

Важно е да го оставите уредот изгасен се додека екранот не е целосно сув.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag