Ако некој мисли дека оваа фотографија е сама по себе сосема безопасна, дефинитивно се лаже. Некои фотографии можат да го променат целиот тек на човечките мисли и сфаќања во потполност. Односно, ако доволно долго гледате во одреден GIF или пак некоја фотографија, може да дојде до краткотрајно искривување на видот.
Овој ефект се нарекува уште и МекКолонов ефект (McCollough Effect) и може да трае исклучително долго. Кога ќе настапи, очите на гледачот гледаат на еден начин, додека мозокот информациите ги толкува на сосема друг начин. Ова вообичаено трае малку подолго од еден час, но во некои случаеви може да трае и до три месеца.
Ова за прв пат го открил американскиот психолог Селест МекКолон во 1965-тата година, а испитувањата ги вршел со помош на слики со хоризонтални и вертикални линии.
Идејата била да го излажете сопствениот мозок и очи така што ќе регистрирате бои кои впрочем ги нема на сликата. За да ви се случи вакво нешто неопходно е да се поттикне овој ефект во мозокот. Но, засега сè уште не е точно прецизирано како настанува овој ефект.
Некои сметаат дека доаѓа до промена на невроните во очите, додека други сметаат дека се работи за нешто многу покомплексно.
Погледнете: