Си беше едно дете кое требаше да дојде на свет. Детето беше многу загрижено заради непознатиот свет во кој требаше да се роди. Еден ден реши да го запраша Бога:
-Господе ми рече дека утре ќе ме испратиш на светот, но јас сум толку мал и немоќен, како ќе живеам таму?
-Бог му одговори на детето: Немој да се грижиш, определив еден ангел кој ќе се грижи за тебе. Тој ќе те пречека, ќе те чува и ќе те научи на се што е потребно. Секој ден ќе ти пее и ќе ти се смее. Така што постојано ќе ја чувствуваш неговата љубов и ќе бидеш среќен.
-Добро, а како ќе разберам кога нешто ќе ми кажат луѓето, кога јас не го знам нивниот јазик? – запраша детето.
-Твојот ангел ќе ти ги кажува најубавите и најслатките зборови што можат да се слушнат на земјата и тој нежно и со многу љубов ќе те научи да зборуваш на нивниот јазик.
-Детето загрижено продолжи со прашањата: Слушнав дека на земјата има и многу лоши луѓе и опасности, кој ќе ме штити од нив?
-Бог се насмевна и рече: Ангелот ќе те заштитува од секакво зло, па макар и по цена на својот живот.
-Детето го погледна Бога и со расплакано гласче рече: Но јас сум многу тажен што никогаш повеќе нема да те видам.
На тоа Бог му одговори: Твојот ангел секогаш ќе ти зборува за мене и ќе те научи на патиштата кои водат до мене.
Тогаш во рајот се прекина тишината и гласовите од земјата допреа до детето. Тоа сфати дека мора да оди и го постави последното прашање: Господе нешто морам да знам, кажи ми како се вика мојот ангел?
Господ му одговори со голема насмевка: Не е важно како се вика, ти ќе го викаш МАМА.
One comment
natasa
6 мај, 2015 at 12:48
mnogu ubavo kazano