Непријатниот мирис на вагината може да представува сериозен здравствен проблем кој начесто упатува на инфекција. Таму долу може лошо да мирисате и поради храната што ја јадете, а ако не сте задоволни со аромата на вашите сопствени течности вашиот сексуален живот може да страда.
Еве што треба да правите за вашата вагина секогаш да мириса убаво и свежо:
Редовно одете на гинеколог
Непријатниот мирис од вагината може да потекнува од инфекција за која не сте ни свесни. Ако постои причина гинекологот најдобро ќе знае да го дијагностицира проблемот и да ви препише лек. Дури и ако сте задоволни со својот интимен мирис на редовен преглед сепак треба да одите на секои 6 месеци.
Секојдневно одржувајте ја интимната хигиена
Овде не се мисли само на секојдневно туширање што би требало да ви биде навика, туку и на правилна грижа за вашите интимни делови. Вагината е еден од најчувствителните делови од телото па затоа никако не би требало да се миете со обичен гел за туширање. Треба да користите специјален гел за миење на интимните делови со неутрална PH вредност.
Внимавајте на долната облека
Треба да носите исклучиво памучни гаќи бидејќи само таа ткаенина не ја иритира кожата. Свилена, сатенска и останата секси долна облека носете ја само во специјални пригоди. Освен тоа кој вели дека не постојат памучни модели кои се подеднакво секси?
Растителни чаеви
Кога сакате интимните делови да ви мирисаат свежо, потпрете се на стариот рецепт со испирање со чај од билки. Еднаш неделно испирајте ја вагината со чај од нане и со гаранција мирисот ќе биде многу подобар.
Храна
Храната која ја внесувате во организмот влијае и на мирисот и на вкусот на секретите кои се лачат од вагината. За свеж мирис препорачуваме ананас и било кое овошје од што ќе имате подеднакво добар ефект. Пијте многу вода, избегнувајте алкохол, риба, шпаргли, зачинета храна, бидејќи овие намирници ќе придонесат да мирисате поинаку, интензивно, чудно. Освен тоа и лековите кои ги користите влјаат на мирисот на интимната зона. Комбинацијата од млеко и бадеми или млеко и мед исто така можат да дадат сладок мирис и вкус на вашата вагина.