Кога ќе го изговорите името Кејт Аптон, веројатно првата работа која ви паѓа на ум се нејзините совршени облини, но се чини дека Кејт малку се опуштила…
Фотографиите направени неодамна во Канада, покажуваат дека славната манекенка изгледа малку поинаку во однос на она што сме навикнати да го гледаме од неа.
Кејт го направи своето име во светот на модата рекламирајќи долна облека и костими за капење и тоа токму благодарение на тоа што нема типична манекенска градба, туку изразени облини. Меѓутоа, се чини дека таа малку се „опуштила“ во последно време и си дозволила себе си неколку килограми вишок.
Можеби причината за тоа е тоа што 22-годишната Кејт одлучила покрај манекенство да се обиде и во филмот. Новопечената актерка моментално ја снима комедијата “The Layover in Vancouver”, а токму овие фотографии настанале при снимањето на една сцена од филмот. Како изгледа Кејт и на филмското платно ќе имаме прилика да видиме во текот на наредната година кога се очекува премиерата на оваа комедија.