Ова поучно видео им укажува на родителите дека децата учат од нивното однесување многу повеќе отколку што тие си мислат.
Во видеото е прикажано дете врзано со конци како марионета, кое проверува и зборува на имагинарен мобилен телефон додека „вози“, а во еден момент и упатува погрдни зборови кон друг учесник во сообраќајот. На крајот, кога во фокусот ќе влезе и таткото на детето, се гледа дека тоа всушност цело време го имитира неговото однесување.
„Каков возач растете вие? Направете го секое возење добар пример“ – е пораката на кампањата создадена од Комисијата за сообраќајни незгоди од Мелбурн.