Каква жена сте според името?

popara1 јануари, 201519min00
17

За да откриете кој е вашиот број и што зборува тој број за вашиот карактер, на еден лист напишете го вашето име и над секоја буква напишете број кој одговара на редот во азбуката. (А=1, Б=2, В=3 и.т.н.). после тоа соберете ги бројките додека не добиете едноцифрен број.

На пример во името Ава се добива 1+3+1=5. Ако добиете краен резултат 17, треба да ги соберете 1+7=8.

1.      1.  Вие сте олицетворение на современа и независна жена, во буквална смисла на зборот. Самоуверени, интелигентни и доволно разумни, секогаш знаете кога е моментот за да настапите и кога да се повлечете. Сакате да доминирате во секоја ситуација, вклучително и на љубовно поле. Токму затоа вистинскиот партнер за вас е човек со сопствено мислење, но кој истовремено ќе ги почитува вашите позиции. Тимската работа не е за вас, но лидерската позиција е како создадена за луѓето како вас. За да комуницирате добро со останатите, треба да научите да бидете трпеливи и толерантни.

2.       2. Жените двојка се особено емоционални и често толку силно се препуштаат на чувствата, до тој степен што губат претстава за реалноста, додека илозорната тврдина не се сруши и не останете сами. Вашата изразена емотивност е одговорна за “дупките“ во вашиот живот кои ве носат во депресивни состојби. За да ги избегнете ќе морате да почнете да си посветувате поголемо внимание на себе си и да ја зголемите својата самодоверба.

3.      3.  Вие сте крајни идеалисти, исклучително ведри и позитивни луѓе, без да летате премногу во облаците. Другите ве сакаат бидејќи сте верни пријатели и во добро и во лошо, и знаат дека секогаш можат да сметаат на вас и дека умеете да им ја вратите насмевката на лицето само со еден збор. Во љубовта сте нежни, верни и посветени и ги барете истите квалитети и кај партнерот.

4.      4.  Одговорни и безкрајно посветени на она што го правите. Така накратко може да биде опишан вашиот карактер. За жал ова не секогаш ви носи позитивен одговор, бидејќи со тек на годините на својот грб ставате се повеќе задачи и одговорности и тоа ве прави да се чувствувате постојано како нешто да им должите на другите. Имено оваа карактеристика може да ви донесе потешкотии и на љубовно поле, каде ризикувате да го задфушите партнерот станувајќи негова втора мајка. Наместо тоа, оставете го партнерот да диши, за да си земете и вие воздух.

5.       5. Преполни со енергија и авантуристички расположени, вие постојано сте на штрек очекувајќи го следниот предизвик кој животот ќе ви го донесе. Вашиот дух сака слобода и не трпи правила и норми, а најмногу ве плаши монотонијата. Накратко, вие сте од оние луѓе за кои велат дека никогаш нема да пораснат. Но тоа не значи дека ви недостасува интелект и одговорност. Вие не трпите авторитет, па затоа најдобро би било да започнете со сопствен бизнис.

6.      6.  За вас најважен е мирот – и на професионален и на приватен план. Токму затоа често пати сте склони да правите компромиси, со цел хоризонтот да биде чист без облаци. Затоа имате потреба од стабилен партнер кој ќе ви помогне да го одржите душевниот комфорт, наместо да го нарушува со ситници и скандали. Кога ќе се почувствувате ранливи и повредени имате навика да се затворите во себе и да молчите со денови. Тоа не значи дека не сакате да разговарате со другите. Напротив, вие имате постојана потреба од комуникација и се обидувате секогаш да бидете заобиколени од блиски луѓе, со кои имате квалитетна врска.

7.       7. Привидно студениот став често ги збунува другите. Оние кои добро ве познаваат знаат дека вие сте од оние повоздржани луѓе. Но тоа не значи дека сте лишени од емоции. Токму спротивното, од внатре, вие горите. Потребно ви е само повеќе време, прад да го допуштите избраникот до вашата романтична и емотивна страна.

8.       8. Вие сте родени лидери, како на професионален план, така и на личен план. Поседувате многу префинет бизнис сенс. Во главата имате готови планови за секоја една возможна ситуација и умеете перфектно да го распределувате времето за работа и уживање. Но вашиот љубовен живот не е така добро подреден. Бидејќи на тоа поле вие одите до крајности и како такви умеете да љубите страсно и да мразите силно.

9.       9. За многумина вие сте жената од соништата. Мили, посветени на човекот до себе, вие сте во состојба да разбудите чувства кај секој што ќе го пикирате. Истовремено до совршенство ја владеете техниката на манипулација и многу добро знаете како да ги подредите картите за да ги постигнете своите цели.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma