Какво е идеалното женско тело?

popara13 декември, 20154min00
1

Убавината, како и модата, постојано подложи на промени. Убавината е производ на своето време и се менува секогаш кога има голема историска или културна промена. Убавината е една од основните алатки која луѓето ја користат за да претстават одредена слика за себе пред светот, а токму поради тоа трендовите на убавина ни даваат патоказ за вредностите во одредено време и место во историјата. 

Нешто кое се сметало за културна норма во минатото денес може да не згрозува. Денес можеби не шокираат викторијанските корсети и кинеските модифицирани стопала, но кој знае можеби општеството во иднина ќе се згрозува од денешната практика на носење високи потпетици и подложување на пластични операции за да наликуваме на некој друг.

Тимот на Buzzfeed направи одлично видео кои може да послужи како ретроспективен водич на стандардите за убавина од древниот Египет до денес и доказ дека стандардите за убавина не се огледуваат само на површината, туку се состојба на едно време.

Египет (1292 – 1069 г. п.н.е.)

Жените во древниот Египет уживале многу слободи за кои ќе треба да поминат илјадници години за жените да ги уживаат повторно. Општеството во древниот Египет имало позитивен став кон сексот, а предбрачните сексуални односи биле сосема прифатливи. Жените поседувале свој имот независно од нивните сопрузи и можете да иницираат развод. Жените можеле дури и да наследуваат титули, како фараон.

Уметноста во оваа ера на древниот Египет покажува дека долгата коса во плетенки била важен аспект од женската убавина. Плетенките го врамувале симетричното лице, а жените носеле црна сенка околу нивните очи. Жените се прикажани со тенки фигури, со висок струк и тесни рамена.

Античка Грција (500 – 300 г. п.н.е.)

Аристотел ја нарекол женската форма „деформиран маж“. Античките грци биле повеќе фокусирани на идеалот на машкото тело отколку на женското, што значело дека мажите во овој период многу повеќе од жените требале да ги достигнат високите стандарди за физичко совршенство. Иако ова звучи добро, сепак жените биле посрамувани затоа што не изгледаат како мажи.

Голотијата имала голем удел во општеството на античките грчи, но скултпурите и сликите од женските актови често биле покриени. Се смета дека првата важна женска скулптура на акт е Афродита Книдска, која покажува дека убава жена во Античка Грција значела полничка жена со раскошно тело.

Династијата Хан (206 – 220 г. п.н.е.)

Кинеското општество отсекогаш било патријахално, што резултирало со минимална улога и права на жените во општеството. Во периодот на владеењето на династијата Хан женската убавина значела тенки тела со радијантен внатрешен сјај. Од жените се очекувало да имаат бледа кожа, долга црна коса, црвени усни, бели заби и глациозен од со малите стапала. Малите стапала се аспект од женската убавина кој кај кинезите опстојал уште стотици години.

Италијанска ренесанса (1400 – 1700 г.)

Општеството во ренесансна Италија било ектремно католички настроено. За жените се сметало дека се олицетворение на доблеста и често биле одделувани од мажите во домот и во јавност. Вредноста на жената се поврзувала со нејзините врски со мажите, било да е тоа Бог, нејзиниот татко или сопруг.

Квалитетот на однесувањето и изгледот на жената се сметале за рефлексија на статусот на нејзиниот сопруг. Убавината во ренесансна Италија значела заоблено тело, вклучувајќи големи колкови и бујни гради. Бледата кожа, русата коса и високото чело се ценеле високо за физичката убавина.

Викторијанска Англија (1837 – 1901 г.)

Викторијанската ера во Англија траела за време на владеењето на кралицата Викторија. Таа била највлијателната фигура од таа доба, а младата кралица станала млада сопруга и мајка. Домаќинството, семејството и мајчинството биле високо ценети во Викторијанското општество, бидејќи овие вредности биле олицетворение на кралицата.

Стилот од ова време ја рефлектирале мајчинската улога на жената во општеството. Жените носеле корсети кои го затегале нивниот струк, создавајќи фигура на песочен часовник. Овие корсети физички ги ограничувале жените од многу движења, истакнувајќи ја нивната одделеност од физичката работа. Жените имале долга коса како симбол на женственост.

Дивите 20ти (околу 1920тите)

Жените во САД добиле право на глас во 1920 г., а тоа ја означило целата декада. Слобода! Жените кои работеле за време на Првата светска војна сакале да ги задржат своите работи. Прохибицијата предизвикала подем на спикизи баровите, а со тоа и многу чарлстон игранки и флапер култура. Жените преферирале андрогин изглед, кој не го истакнувал струкот и носеле градници кои ги сплескувале нивните гради. Стандардот за убавина во 20тите бил момчешки изглед без облини.

Златната ера на Холивуд (околу 1930ти – 1950ти г.)

За време на златната ера на Холивуд бил воспоставен т.н. Хејс код (именуван по Вил Хејс, претседателот на MPPDA од 1922 до 1945 г.), според кој биле воспоставени параметри за тоа што може, а што не може да се каже или прикаже во филмовите. Кодот ги ограничувал типовите на улоги достапни за жени, создавајќи идеализирана верзија на жената која за прв пат била раширена низ светот. Филмските ѕвезди од тоа време имале раскошни тела и тенок струк, како Мерилин Монро.

Разиграните 60ти (околу 1960тите г.)

Жените во 60тите имале големи придобивки од движењето за ослободување кое се целело кон повеќе жени на работните места, им дало пристап до контрацепција, и допринело до подем на феминизмот. “Swinging London”, младински ориентираниот феномен кој го нагласувал новото и модерното, имал огромно влијание за западниот свет во 60тите, што помогнало мини и здолништата во А-линија да ја означат модата. Моделот Твиги е најдобро олицетворение за модните трендови во 60тите, чија што тенка фигура го промени идеалот за женското тело од девојки со раскошни облини во тенки и високи.

Ерата на супермоделите (околу 1980тите)

Џејн Фонда ја создаде аеробик манијата во 1980тите, што направи жените да сакаат да бидат фит. Супермоделите како Синди Крафорд беа олицетворение на идеалното тело од оваа доба: високи, тенки, атлетски градени, но сепак здрави. Оваа доба исто така донесе подем на анорексијата, за што екпертите велат дека е врзано со наглиот тренд за вежбање.

Хероин чик (околу 1990тите)

По материјализмот и преоптовареноста во 80тите, модата сврте нов лист. Слаби, повлечени и бледи девојки во стилот на Кејт Мос беа карактеристични за хероин чик изгледот во 90тите. Во период употребата на хероин навистина стана глобален светски тренд, што се рефлектираше и на стандардите за женска убавина.

Постмодерна убавина (од 2000тите до денес)

Жените во 2000тите се бомбардирани со толку многу различни услови кои треба да ги исполнат за да постигнат атрактивен изглед. Жените треба да бидат слаби, но здрави, треба да имаат големи гради и задник, но рамен стомак. За да го постигнат ова во светски рамки се зголеми трендот на пластични операции, различни фитнес трендови, режими на исхрана и сл.  Денес повеќе од кога било на жените им се врши огромен притисок во врска со изгледот, првенствено поттикнат од медиумите.

Дали се уште сакате да го достигнете стандардот за убавина?

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag