Постојат бројни теории и теореми, со кои ќе дознаеме дали еден маж ни се допаѓа. Но, не е ли повеќе практично да дознаеме дали НЕ му се допаѓаме.
Во 60% од случаите, во кои жената мисли дека ја пронашла љубовта на својот живот, обично одговорот на спротивната страна е крајно негативен.
Еден од најчесто поставуваните прашања, претежно меѓу пријателките е: Му се допаѓам ли? Што си мисли за мене? Одговорот на овие копнежи, станаа опсесија за некој жени. Јазикот на телото многу јасно покажува каков е неговиот однос.
Еве некои од најкатегоричните знаци дека тој не те сака:
Те држи на далечина, што значи дека сака да биде сигурен дека не сте блиску еден до друг.
Избегнува физички контакт со тебе, т.е. да не те допира или гушка.
Ја претпочита близината на други девојки.
Воопшто не го интересира за работите кои ги правиш.
Не се насмевнува особено многу, кога е со тебе. Не се грижи, дури и кога се обидува да го развеселиш.
Изгледа дека го прави спротивното од она што го правите – јасна индикација дека не го интересира.
Разговорот со тебе е строго професионален и вклучува рутински работи.
Никогаш нема да посвети внимание на твојата шминка, мирис или облека.
Тој не е љубоморен кога си со други момчиња.
Тој нема да те повика, освен ако не е за нешто поврзано со работа или бизнис.
Не те вика, не те бара и не наоѓа близина во социјалната сфера, како скајп, фејсбук, меил.
Не е заинтересиран за твоето хоби, професија, интереси.
Не се возбудува од твоите пријатели – не сака да се запознае со нив.
Не те запознава со неговите пријатели.
Не ти подарил ништо, никогаш.