Моментално најмоќниот мотоцикл кој може да се купи на пазарот ослободува околу 300 “коњи” и остварува максимална (теоретски) брзина од над 400 km/h! Еве како се котира во дуел со суперспортските автомобили!
Еден од најновите, а воедно и најбруталните мотоцикли на пазарот е моделот на Kawasaki H2 кој во “R” верзијата која е наменета за тркачката патека (не е хомологирана за секојдневен сообраќај), ослободува неверојатни 300 КС, додека теориски максималната брзина преминува и 400 km/h!
Ова “чудовиште на две тркала” неодамна застана на стартната линија со егзотичните суперспортски автомобили и ги измери своите сили против McLaren MP4-12C, фантастичниот Bugatti Veyron Super Sport, за на крајот да ги вкрсти копјата и со Nissan GT-R, тјуниран од страна на SP Engineering, кој ослободува импресивни 1.350 КС!
Кога ќе ги погледнете видео записите, веројатно и ќе ви стане јасно што мислиме под она, “чудовиште на две тркала”.