Кејт Мидлтон без градник на црвениот килим

popara4 ноември, 20151min00
5

На светската премиера на Џемс Бонд меѓу бројните познати гости беше и британското кралско семејство, а Кејт Мидлтон беше во центарот на вниманието.

Кејт на премиерата на новиот филм за познатиот англиски агент се појави во долга гламурозна тоалета во нежно сина боја, под која, колку што можеме да забележиме, војвотката од Кембриџ не носи градник (инаку „отпорот“ против градниците е еден од најголемите трендови во моментот.

Фустанот од шифон е со суптилно отворен грб додека на половината Кејт носеше ремен со скапоцени камења кои ја истакнаа нејзината тенка половина, но и преставуваат одличен моден додаток.

Инаку и покрај гламурозната комбинација Кејт Мидлтон одлучи повторно да се поигра со нејзините омилени високи потпетици кои досега ги има носено неколку пати.

Станува збор за елегантни сандали во металик нијанса и со потписот на познатиот дизајнер Џими Чу кои ги носеше на доделувањето на Таск наградите во Лондон во 2013, но и на свеченото отворање на Олимпијадата во 2012 година.

Кејт во 2013

2012

Па, дали ви се допаѓа Кејт во ова издание?