Кениецот Феликс Кипроно му понудил на американскиот претседател Барак Обама 50 крави за раката на неговата 16-годишна ќерка Малија.
Тој рече дека покрај 50 крави е подготвен да плати уште 70 овци и 30 кози за да си го исполни сонот и да се ожени со убавата Малија.
– Ја забележав во 2008 година, рече Кипроно, кој по професија е адвокат.
Taa година Обама првпат победи на изборите, а Малија имаше десет години.
– Оттогаш со никого не се забавував и се заколнав на верност. Моето семејство е запознаено со тоа и е подготвено да ми помогне да ја откупам девојката, рече тој.
Кипроно планира лично од Обама да ја побара раката на неговата ќерка и се надева дека Обама ќе ја земе Малија кога во јули ќе ја посети Кенија, земјата во која е роден неговиот татко, а неговата баба, која има над 90 години, и натаму живее во Когел, на западот на земјата.