Кети Хенри има само 20 години, но веќе е свесна колку е важен физичкиот изглед. Ова девојка од Мајами сака да стане личен тренер, а за добрата градба може да им се заблагодари и на добрата генетика.
Кети веќе некое време работи како дадилка, по цел ден чува деца и успева да ја одржи совршената линија. Но тоа не планира тоа да го работи уште долго, туку сака да си го оствари сонот и да биде личен фитнес тренер.
Кренат задник, плочки на стомакот, убаво лице, оваа девојка има се што е потребно за тие што сакаат да си го средат телото да се огледаат на неа.
И нејзината мајка и татко се бавеле со бодибилдинг, па не треба да чуди што таа има такво тело и вежбачка навика, иако на нејзиниот профил на Инстаграм се гледа дека многу работи на него.
На ова социјална мрежа ја следат 433.000 луѓе, а освен тоа работи и како модел и рекламира спортска опрема.
Редовно поставува фотки и снимки на кои се гледа како вежба, а со својот пример има за цел да ги инспирира и останатаите да се фрлат на работа.