Ким Кардашијан доби уште една насловна страница на „Вог“. Овој пат станува збор за шпанското издание на модното списание.
За модниот едиторијал, ѕвездата од „Keeping Up with the Kardashians“ позирала без шминка. Уредниците на списанието тврдат дека за финалните фотографии не бил користен Photoshop и дека Ким без двоумење го прифатила нивниот предизвик да снима фотосесија без гламурозна облека и без шминка.
Фотографиите ги потпишува Тео Венер.