Ким Кардашијан неодамна објави дека го очекува своето второ дете, но блажената состојба очигледно не ја попречува и понатаму да се облекува во нејзиниот препознатлив стил, меѓу другото и во тесни (и кратки) фустани.
Па така, Ким се најде во центарот на вниманието фатена во шопинг во продавницата на „Селин“облечена во тесен мини фустан во сива боја кој ги истакнува нејзините познати облини и кој таа го носеше со кафеави сандали со средно високи потпетици. Станува збор за фустан кој може да се најде за само 58 долари, што најверојатно претставува реткост во нејзиниот гардеробер, доколку земеме во предвид дека Ким ги обожава скапите брендови и не штеди пари кога е облеката во прашање.
Инаку таа неодамна призна дека мора да носи и по два стегачи кога носи многу тесни фустани, кои го обликуваат нејзиното тело и држат сé на свое место.
Па, што мислите, дали тесните фустани се вистинскиот избор за оваа девојка? А дали можете да ја замислите во еден обичен и разигран макси фустан, како која било трудница од ваше маало?