Кинески научници од Универзитетот Хуажонг за наука и техника развиле нов вид „невидлив“ материјал кој на воените авиони ќе им овозможи да ги измамат и најсовремените радати и да бидат помалку забележливи и од американскиот Ф-35.
Тие тврдат дека новиот материјал е во состојба да ги апсорбира микробрановите радарски сигнали со ултрависоки фреквенции.
Иако материјалите со вакви карактеристи досега биле премногу дебели за да можат да се користат во изработката на борбените авиони сепак кинеските научници успеале да направат десет пати потенок материјал од досега познатите.
Истражувањето, предводено од кинескиот научник Венхуа Ксу, сугерира дека новиот материјал може да ги надмине стелст способностите на новиот Ф-35 2 суперлајтнинг на Локид мартин. Овој „најсовремен“ американски ловец има технологија која не е премногу ефикасна против ултрависоките фреквенции.
Материјалите кои можат да ги неутрализираат микриобрановите ефикасно го намалуваат радарскиот „отпечаток“ на авионите што им овозможува фактор на изненадување. Најновите технолошки иновации, според западните аналитичари, го премостуваат јазот на кинеската авијација во однос на западните армии.
Кина веќе се наоѓа под посебно внимание на американските безбедносни служби откако документите што ги објави Едвард Сноуден открија дека кинески хакери испеале да стигнат до нацртите на најновиот а воедно и најскап американски повеќенаменски борбен авион Ф-35.
Кинеската војска, пак, неодамна го претстави својот прв стелт авион Ј-31, кој неодоливо личи на американскиот „суперлајтнинг“.