
Ќерката на Миле Китиќ и Марта Савиќ е интернет ѕвезда. Осумнаесетгодишната Елена Китиќ е популарна на социјалните мрежи, а нејзините фотографии добиваат безброј лајкови.
Овој пат таа на својот Инстаграм профил објави фотографија на која е разголена. Елена носи само црн градник. Сигурно на стариот заводник не му сеедно кога ја гледа ќерка си во вакво издание.






