Ќерката на Силвестер Сталоне е вистинска убавица!

popara2 јуни, 20151min00
3

Систин Сталоне има 16 години и сака да изгради кариера на успешен модел. Нејзиниот татко, познатиот актер Силвестер Сталоне вели дека ќерка му работи навистина вредно за да стане модел.

68-годишниот актер на Instagram, горд на својата ќерка, објави нивна заедничка фотографија.

„Мојата ќерка сака да биде сериозен модел, верувам во неа“, напишал актерот.

Пред неколку месеци Систин даде интервју за магазинот Teen Vogue. Во него таа вели дека научила многу работи од родителите. Сталоне има три ќерки од третиот брак со поранешниот модел Џенифер Флавин.

22