Книгата со селфи фотки на Ким Кардашијан доживеа дебакл

popara6 август, 20151min00
1

Иако Ким Кардашијан, со преку 40 милиони следбеници, е втората најпопуларна личност на Инстаграм, изгледа дека фановите на оваа старлета не сакаат да издвојат десетина долари за да ја купат книгата со селфи фотографии која таа ја објави.

Продажбата на книгата “Selfish” во која старлетата главно има објавено фотографии кои веќе ги има споделено со милионскиот аудиториум на социјалните мрежи, не оди онака како што таа планираше, па наместо очекуваниот милионски тираж, оваа книга забележала само 32.000 продадени копии.

 

Оваа бројка не е голема бидејќи книгата на популарната старлета е во продажба веќе три месеци.

Меѓутоа, кога овој број ќе се спореди со бројот на продадени примероци од книгата која ја издадоа нејзините сестри Кајли и Кендал Џенер, како и нивната мајка Крис Џенер, заклучокот е сепак дека Ким и понатаму е во водство.

 

Пред година дена, Кајли и Кендал Џенер издадоа книга под името “Rebels: City of Indra: The Story of Lex and Livia” која припаѓа во жанрот на научна фантастика, а после пет месеци е продадена во само 12.000 примероци.

Исто така, ни книгата за готвење која ја издаде Крис Џенер под називот “In the Kitchen with Kris: A Kollection of Kardashian-Jenner Family Favorites” не забележа поголем успех.