Кога би можела да ви се оствари само една желба, што би посакале?

popara6 мај, 20151min00
Кога би можела да ви се оствари само една желба, што би посакале?

Во едно видео се снимени тотални странци кои не знаат ништо меѓусебно и не можат да се видат, а им се поставува едно исто прашање: Што би сакале да ви се оствари за да бидете среќни?

Без да знаат дека од едната страна се сосема здрави личности, а од другата страна пациенти болни од рак и леукемија, одговарале искрено на прашањето.

Здравите личности имале најразлични желби: крстарење низ грчките острови, положување на сите испити, работа како новинар во Њујорк, посета на пустината Сахара, сопствен бизнис, забавување со пријателите, слушање на омилената музика…

Генерално, слични биле нивните одговори на прашањето. Но, одговорите кои ги слушнале од другата страна ги трогнале до солзи.

Болните пациенти и нивните блиски имале само една желба: да нема болести во светот, да се пронајде лек за сите болести.

Понекогаш забораваме да го цениме животот, додека не почувствуваме дека го губиме. Малите работи стануваат најважни кога остануваме без нив.

Погледнете го видеото:

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag