Кога не си доволен за некого, биди доволно паметен да си заминеш!

popara9 мај, 20151min00
11

Љубовта е чудна, во еден момент сè ти изгледа премногу убаво, преполно со љубов, во другиот момент сфаќаш дека само ти си се чувствувал така.

На другата страна баш и било спротивно од тебе, тогаш сфаќаш дека што и да направиш, едноставно не си доволен повеќе за таа личност.

Секако дека нема да се откажеш веднаш и ќе се обидеш да станеш доволен, не знаејќи дека напразно се обидуваш, едноставно не е до тебе, туку до другиот.

Нему не му е доволна твојата љубов, бидејќи не ја сака, она што не го сакаш никогаш не може да ти биде доволно за да бидеш среќен, бидејќи едноставно не го сакаш.

Или не ја сакаш повеќе личноста која ти го давала тоа доволно, кое стганало недоволно, таа станала недоволна за тебе.

Откако ќе го сфатиш ова, после неколку неоправдани во дневникот на твојата љубов, си заминуваш недоволен, како кец во училиште.

Мозгаш, мозгаш и на крај сфаќаш дека навистина ти си бил доволен, можеби и повеќе од потребно, но тој, некој не знаел да го цени тоа, едноставно, секогаш бил незадоволен кога ќе размислиш, но сега решил повеќе да не го прикрива истото.

Тогаш сфаќаш дека не мора да бидеш доволен за некого, бидејќи секогаш некому нешто нема да му одговара кај тебе, доволно е да најдеш некој што ќе те сака и со тоа што не му одговара.

Доволно е да најдеш некој кому ќе бидеш доволен таков каков што си!

Затоа, кога ќе забележиш во животот дека некому не си му доволен, биди доволно паметен и напушти го, не троши си го времето залудно.

Доволно си потрошил непотребно, нели?

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag