Секое збогум боли. Боли неочекуваното, очекуваното и нашето.
Пладне, топло скопско пладне, на железничката. Го имаше оној трепет во воздухот, како потежок да беше воздухот од нашата тага. Лебдеа милион мисли во воздухот, прашања…дали ова е потребно, дали може поинаку, а потоа се свестувам… ова е најдобро, време е за други приказни.
Потиштени погледи, лажни насмевки, влага во воздухот, но и во очите. Нема зборови, кажано е се. Се слуша само вревата од луѓето околу нас. Како да сакаше да каже нешто, го прекина буката од возот, се сецна. Тивко се испративме, молк меѓу нас, а врескав во себе.
Болни се разделбите со луѓе кои ти биле сиот свет, тешко беше и ова збогум. Тој одбра еден пат, одбрав и јас. Не сакавме, но моравме, кажавме збогум. Тоа најмногу боли, но тоа е избор со кој мораш да научиш да се носиш. Мора да се исплачеш, да го преболиш, да го складираш во спомените, а не во болките. Со време…се си доаѓа со време. Остануваат спомени и по некоја лузна што ќе пецка од време на време.
Сеуште се ежам на тој момент, на разделбата. Љубовта не е мерило за среќа, љубовта не е мерило за постојаност, љубовта колку и да е голема некогаш не успева. Колку да и да сакаме некои луѓе, некогаш тие мора да заминат…