Кога ти изгледа дека сите бродови ти потонале…

popara25 август, 20151min00
10

Една стара кралица пред да почине на својот син му подарила еден медалјон, кажувајќи му: „Драг сине, кога ќе ти биде најтешко, кога ќе мислиш дека сè се руши околу тебе, кога ти изгледа дека сите бродови ти потонале, ти отвори го овој медалјон… Тој ќе ти помогне полесно да ја пребродиш секоја тешкотија.“

Кралицата починала, а годините си поминувале и младиот крал си живеел спокојно и среќно.

Времето му поминувало во радост и веселба, и никако не го наоѓал тој тежок момент за да го отвори медалјонот.

thomas-sabo-thomas-sabo-sterling-silver-heart-medallion-standard-sizes-2727

Сè повеќе и повеќе го мачело што пишува во него и затоа еднаш во време на својата најголема среќа, сепак одлучил да го отвори и да види што пишува.. Го прочитал следново:

❝И ова ќе помине..❝

После извесни години, дошле на ред и тешки времиња, војни… Тогаш повторно го отворил медалјонот и повторно читал:

❝И ова ќе помине..❝

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag