Жена Лав
Лавиците можете да ги пронајдете на популарни места.Тие се оние кои уживаат на сонце, арогантно доминирајќи во кругот на пријателите, замислувајќи го амбиентот на ресторанот како театарска сцена на која нивната улога е најважна. Да, тоа се жените Лавови, за нив животот е сериозна игра.
Тие се родени лидери и господари на останатите луѓе, но тоа го прават на навистина посебен начин, така што никогаш нема незадоволни во нивната околина.
Природата богато ги надарила, па во нив има толку многу енергија, памет, убавина и сексапил, што е доволно и за неколку луѓе. Ако имате комплекс на помала вредност, избегнувајте ги овие жени во поширокиот хоризонт. Овие жени може да ве дотолчат со својата нарцисоидност.
Лавицата не може да живее без публика и потребно ѝ е воодушевувањето од другите. Не бидете љубоморни на нејзината склоност да биде во центарот на вниманието во просторија полна со занесни фраери. Секогаш ќе се вртат глави по неа, каде и да се појави. Често ќе кокетира, но тоа е начинот на кој го прикрива чудниот страв дека не е толку посакувана.
Внимавајте! Премногу се горди и достоинствени за да губат време на бесмислици, затоа сфатете ги нивните потреби за време и однесување во согласност со нив.
Маж Лав
Со задоволство оди на различни прослави каде најчесто е во центарот на вниманието, но тој не е тип кој глуми кловн во друштвото. Тоа е само негова маска, за да привлече публика.
Без оглед на изгледот, нема никакви несоодветни или глупави движења во неговото однесување. Тој точно знае што сака, а тоа обично и го добива.
Лавот сака да се занимава со некој спорт, а како што станува повозрасен и навлегува во зрелите години, така се намалува и неговиот порив за спортски активности. Меката фотелја станува негов омилен спорт. Чудно, но вистинито, лавовите ретко имаат големи семејства. Се заљубуваат во убави жени со одличен вкус и стил за облекување.
Тие се особено трпеливи и толерантни, но под нивниот кралски углед е скриено е големото его и арогантното однесување кое секогаш може да излезе на површина. Секогаш се спремни за напад ако некој им противречи.
Најмногу од сè, Лавот мрази жени со слаба интелигенција и образование. Сентиментално се чувствителни на сите комплименти кои се упатени на нивниот изглед или интелигенција и тоа толку многу, што дури се подготвени за нив да направат нешто и на своја штета.