Мобилните телефони се дел од нашето секојдневите уште од крајот на минатиот век и сме поминале голем број на модели кои биле на врвот на пазарот. Но, кој уред има најмногу продадени единици?
Не би требало да дојде како изненадување што iPhone (како модел со сите верзии) се наоѓа на првото место со над 700 милиони продадени единици од претставувањето во 2007-ма година. Телефонот наскоро ќе наполни и десет години, а секоја година Apple успева да продаде се повеќе и повеќе единици.
Минатиот квартал (октомври-декември 2014) компанијата продаде рекорден број на единици и за првпат по неколку години го надмина и својот најголем ривал, Samsung, во ниво на продажба. Новиоте iPhone 6 и iPhone 6 Plus се првите телефони на компанијата со поголеми, 4,7 инчни и 5,5 инчни екрани, што беше вистински хит кај корисниците.
Се претпоставува дека компанијата повторно ќе ја задржи оваа големина и кај новиот iPhone 6s, иако дел од корисниците би сакале поголем, 6 инчен екран.