Oва кратко емотивно видео “Креда” (Chalk) кое е во склоп на кампањата за посвојување на деца воодушеви преку милион луѓе на Јутјуб, а е базирана на една вистинска случка од Ирак.
Видеото кое трае околу две минути ќе ве остави без зборови и ќе ве потсети колку значи мајчинската љубов, како и фактот дека постојат многу деца кои никогаш не ја искусиле мајчината љубов.
Видеото ги покажува децата кои со помош на креда ја цртаат својата мајка во двор, а потоа и легнуваат во прегратка.
“Некои од нас, за разлика од привилегираното мнозинство, ја ценат и единствено што сакаат е мајчина љубов” – е пораката на краткиот филм.