Кој телефон се распродаде за 1 секунда?

popara22 мај, 20151min00
12

Пред 2 дена беше организирана онлајн продажба на новиот One Pro модел на компанијата LeTV, која постави нов рекорд. Телефонот беше распродаден за само една секунда…

Истовремено, компанијата го продаваше и послабиот LeTV One, кој се распродаде за импресивни 3 минути и 46 секунди. Се проценува дека над 10 милиони потрошувачи се регистрирале за купување на еден од овие два модели. Што е толку посебно кај нив?

Новиот LeTV One Pro поседува 5,5 инчен екран со QuadHD резолуција, додека пак во внатрешноста се наоѓа octa-core Snapdragon 810 процесор со 64-битна архитектура, Adreno 430 графички процесор и високи 4GB RAM меморија. Просторот за складирање на податоци е со големина од 32 гигабајти, на задната страна се наоѓа 13 мегапикселна камера со дво-тонски LED блиц и оптичка стабилизација на сликата, додека пак на предната страна се наоѓа 4 мегапикселна UltraPixel камера.

На задната страна на телефонот се наоѓа скенер на отпечатоци, додека цената на овој модел е околу 400 долари.

Послабиот модел LeTV One исто така поседува 5,5 инчен екран, но со FullHD резолуција од 1920 x 1080 пиксели. За перформансите ќе се погрижи octa-core MediaTek MT6795 процесор кој работи на 2,2GHz и 3GB RAM, додека пак просторот за складирање на податоци е со големина од 16GB. Камерата повторно е со резолуција од 13 мегапиксели и со оптичка стабилизација на сликата, а на предната страна се наоѓа 5 мегапикселна камера.

Цената на LeTV One е околу 240 долари. Заинтересирани?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag