Која е девојката за која деновие се шпекулира дека холивудскиот актер Леонардо Дикаприо ја запроси?

popara19 октомври, 20151min00
9

Леонардо ја прашал судбоносното прашање за време на еден италијански оброк.

„Не беше планирано. Едноставно се случи. Тие уживале во шише црвено вино задлабочени во разговор, како и обично“, рекол неименуваниот извор за магазинот „ОК“.

Се вели дека Кели е еко-активист и ја споделува истата страст за социјалните проблеми како глобалното затоплување и светската сиромаштија со Ди Каприо. Уште повеќе, изворот рекол дека „тие се согласуваат и на интелектуално ниво, што е нешто ново за Лео“. Бидејќи, очигледно тој е многу плиток.

„Таа е многу повеќе од само убаво лице“ – вели изворот за “ОК“.

25-годишната манекенка студирала на Универзитетот во Џорџтаун, каде што студирала „театар“ и била толку многу добра во голф, што била регрутирана во Дивизија 1, женски голф тим.

Кога се занимавала со актерство, се појавила во серијата „Two and a half men”. Кели е релативно нова и во моделингот.Оваа година била именувана за “дебитант на годината“ во Sports Illustrated. Сега, не ни е чудно што го украла срцето на холивудскиот актер, кој е познат по неговото забавување со модели.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *