Која кратка фризура ви одговара?

popara5 декември, 20151min00
6

Секогаш ви се случува истото, ќе одлучите дека сакате да имате долга коса како ангелите од „Викторијас Сикрет“, но кога ќе ја пораснете косата до рамена, како таму да запира.

И тогаш ќе здогледате девојка со прекрасен изглед, но што е поважно, совршена кратка коса. Веднаш се одлучувате дека сакате да ја скратите, но не брзајте. Секаков вид на кратка фризура може и да не одговара на вашето лице.

Најпрво размислете дали сте сигурни дека сакате да ја скратите, или само ви здосадило да се нервирате со долгата коса? Сакате ли претходно да се обидете со не толку голема промена, како што се на пример, менување на бојата, или шишки. Откако ќе одлучите дека кратка коса е тоа што навистина го сакате, можете да почнете да разгледувате каква фризура најдобро би ви одговарала.

Ако имате полно лице:kruzno_lice

Направете пикси фризура. Со ваквата фризура ќе ги истакнете вашите очи, а ќе го намали изгледот на кружно, полно лице. Ако всушност мислите дека нема да ви одговара ваква фризура, токму заради обликот на вашето лице, се лажете. Вашето лице ќе изгледа послабо.

А што се однесува на видот на коса, оваа фризура е совршена за поретка и права коса.

Ако имате лице во облик на срце:

И претходната фризура не е лоша идеја, но совршено ќе ви стојат шишки. Тие му даваат совршен облик на вашето лице и ги истакнуваат очите. Ова е карактерично за фризурата каде што едната страна е многу пократка, но со долги шишки, како што е изгледот на Ријана.

Сепак, држете се до оваа фризура само ако вашата коса е права, или е малку брановидна. Би било незамисливо виткана коса постојано да ја исправувате за да го добиете саканиот изглед.

Ако имате квадратесто лице:kvadratesto_lice

Девојки, вие кои имате виткана коса, или брановидна, ова е за вас. Ваквиот облик на лице навистина одлично ќе изгледа со не толку затегната и средена фризура. Ако имате густа виткана коса, со оваа должина на косата ќе изгледате секси и привлечно без многу напор.

Ако имате права коса, исто добро ќе ви стои, но ќе изгледате повеќе како примерно девојче отколку сексапилна жена. Само помислете на Кејти Холмс и Кеира Најтли, и ќе ви биде појасно.

Ако имате издолжено лице:

Не симетрична боб фризура одлично ќе ви одговара. На задниот дел кратка, напред подолга, идеална фризура за права коса. Уредна и класична.

Ако имате заоблено лице:

Имате среќа, сите кратки фризури би ви одговарале. Ако сакате и шишки, погрижете се да бидат со должина како вашето чело. Откако ќе го направите тоа, со помош на вашиот фризер можете да експериментирате.

Совет: Ако не сте сигурни дека сте подготвени премногу да ја скратите должината на вашата коса, пробајте со подолга боб фризура, и нема да погрешите. Изгледа модерно, кратко, но не премногу, па ќе можете сепак да ја тргнете од вашето лице доколку ви пречи.dolga_bob

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma