Која побрзо и полесно ќе го освои машкото срце, искрената или безобразната?

popara3 јуни, 20151min00
9

Жените се познати по своите тактики на заведување, но не секоја успева да го зароби срцето на мажот кој го посакува. Вообичаено играта топло-ладно повеќе им се препишува на мажите, но и жените знаат често да си поиграат.

Тие важат за нежни дами кои со својата искреност и отвореност го освојуваат мажот, но од друга страна често таквите се повредени.

Има и такви жени кои знаат да бидат итрици и безобразни и токму таквите да му се пикнат под кожа на мажот кој и откако ќе го повредат нема да може да ги заборави.

Дилемата е која побрзо и полесно ќе го освои машкото срце, искрената или безобразната?

Не му одговарајте веднаш на пораките, не го барајте кога е со пријателите, не се однесувајте премногу заинтересирано, не правете го првиот чекор… и уште ред други правила, а сè помалку спонтани потези.

Поминувањето време со личноста која ве прави среќни веќе не е толку едноставно, бидејќи ако немате вистинска тактика може брзо да го загуби интересот и да останете сами и искористени.

Иако никој не сака да го прифати ова како реалност која постојано ни се случува, резултатите го покажуваат своето. Најчесто во случаите кога сме биле искрени, отворени, природни без никакви тактики и провокации, за кратко сме станувале досадни, напуштени, разочарани и сами.

Но и со тоа не треба да се претерува. Игрите се дозволени и потребни, но со граница. Доколку долго глумите недостижни и зафатени секој би се откажал и повторно ќе го загубите задоволството од играта.

Точна тактика не постои. Треба само да ја одберете точната доза на комбинација од искреност и малите љубовни игри. Ниту целосно искрената девојка, ниту крајно безобразната не можат да го задржат вистинскиот ако не научат да балансираат.

Бидете природни и искрени, но одвреме-навреме може да се послужите со некој трик или игра, бидејќи секогаш е поинтересно кога барем за момент нешто се чини недостижно и треба да се освои.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag