“Pinnacle Portfolio” е најскапата автомобилска колекција која некогаш била ставена на аукција. Сопственикот на оваа колекција не е познат. Анонимниот сопственик во својата колекција има 23 различни автомобили, од кои некои се вистински скапоцености.
Во оваа колекција можете да најдете некои од историски европски тркачки автомобили од педесеттите и шеесеттите години, како и неколку легендарни супер автомобили. Првиот произведен Bugatti Veyron, ретките Lamborghini Reventor, McLaren F1 и Ferari Enzo се само некои од автомобилите кои ја сочинуваат оваа колекција.
Се проценува дека оваа колекција ќе се продаде за повеќе од 65 милиони долари.