
Иако мажите мислат дека жените не сакаат многу долг секс, сепак едно истражување покажува дека жените сакаат сексот да трае пократко од седум минути само кога брзаат некаде или се плашат да не бидат видени.
Имено, преферираната должина на сексуалниот однос зависи од личните афинитети, но во основа жените очекуваат дека ќе трае подолго од пет минути.
Експертите велат дека на жените во просек им се потребни 20 минути од иницијалното возбудување до оргазам. Треба да се напомене дека во должината на сексуалниот однос се смета и предиграта, па обично се мисли на десетина минути предигра и уште толку минути секс.
Најдобриот начин да го помиенте сето ова е внимателно да го слушате говорот на телото на партнерката. Ако целта ви е да ја доведете до кулминација, размислете околу тоа да ја продолжите предиграта.
Ако ви се случи да достигнете оргазам пред вашата партнерка, треба да знаете дека тоа не мора да значи крај на сексот.