Сепак, се чини дека овие убавици и не се така искрени кога се работи за нивната височина и тежина.
Погледнете што одговорија познатите дами кога јавно беа запрашани колку килограми всушност имаат.
Кели Брук
Провокативната Кели Брук носи конфекциски број 38, или барем така таа кажува.
Исто така, таа вели дека сега е 6 килограми потешка отколку кога била во своите дваесети години.
За тоа ги обвинува годините, а не храната. Оваа убавица која е висока 167 сантиметра,
вели дека својата фигура ја одржува со напорни тренинзи и редовен секс и притоа открива дека има 57 килограми.
Никол Шерцингер
Згодната Никол е висока 165 сантиметра и вели дека е тешка 54 килограма.
Таа носи конфекциски број 34, а бидејќи имала проблеми со анорексија, се труди да се храни здраво,
но одвреме навреме си ги дозволува омилените палачинки со банана.
Како што вели, нејзината килажа може да варира за околу пет килограма.
Ријана
Во периодот кога била најслаба, Ријана носела конфекциски број 32, но како што вели,
таа не била задоволна бидејќи сосема ги изгубила градите и задникот.
Оваа пејачка која е висока 173 сантиметра сега вели дека има 57 килограма и носи конфекциски број 36.
Кортни Кардашијан
Во една од епизодите од нејзиното реално шоу, Кортни се мереше а вагата покажа 52 килограма.
Таа тогаш видно се потресе бидејќи посакувала што побрзо после породувањето,
да и’ се врати на старата тежина од 43 килограма.
Сепак, иако таа е висока само 152 сантиметра, таа тежина е сепак премногу мала.
Бијонсе
Бијонсе се чини дека била искрена и изјавила дека се “здебелила” цели 30 килограми за време на бременоста,
поради што тогаш тежела дури 90 килограма.
Таа успеала да ослабе и сега има 58 килограма, што за нејзината височина од 170 сантиметра е речиси совршено.
Ники Минаж
Ники Минаж изјавила дека има 63 килограма, што е навистина доста за нејзината височина од 162 сантиметра.
Сепак, Ники не би сакала да слабее бидејќи така ќе ги изгуби и градите и задникот по кои е препознатлива.