Ден Билзериан, развратниот професионален играч на покер, повторно ја потврди титулата “Кралот на Инстаграм”.
Иако никогаш немало сомнеж дека неговите забавувања чинат пари, Билзериан на Снепчет објави сметка од забава која ја организираше во ВИП зоната за време на “Electric Zoo Festivala”.
Имено, на забавата тој потрошил 654 илјади долари. На пиење за 200 луѓе отишле околу 300 илјади, а на огнометот уште 150 илјади долари.