Тони Хуљич ја насмеа и ја шокираше јавноста со својата изјава на X-Factor Adria каде тој е во улога на судија. Говорејќи за тоа што бара од кандидатите, призна дека талентот не е доволен, но не поминуваат кај него „полупроститутки“.
Говорејќи за тоа што точно бара, Хуљич, инаку „производител“ на естрадни ѕвезди од типот на Јелена Розга и Северина, рече:
– Денес музиката е индустријализирана, се бараат и некои други работи освен талент.
Со тоа тој застана во одбрана на својот колега, Жељко Јоксимовиќ, кој неодамна предизвика бурни реакции кога на двајца млади кандидати им ја искоментира тежината, од кој едниот беше Охриѓанецот Бобан.
https://www.youtube.com/watch?v=DXkrT2c_kg4
Да не се лажеме! Битно е како некој изгледа, а приказните за Адел можеме да ги оставиме на страна. Да ми дојде некој кандидат и пее како Адел не би ме интересирал како изгледа. Но, нам често ни доаѓаат такви кои изгледаат како Адел, но не пеат како неа. Не барам ниту мисици и мистери, бидејќи таквите кандидати се излитена приказна. Не бараме ние ниту изглед на полупроститутки, но битно е да има добар глас и некако тој да биде ускладен со изгледот. И што да кажам ,сепак секој кандидат барем малку треба да внимава на изгледот и да се грижи за себе, рече Хуљич кој со оваа изјава застана зад Жељко.