Критичарите воодушевени од новиот Бонд

popara25 октомври, 20151min00
5

Кино критичарите во Велика Британија со воодушевување го поздравија 24-ти последователен филм за Агентот 007 “Спектра”, давајќи му ги највисоките можни оценки.

Според критичарот на весникот  “Гардијан” Питер Бредшо, филмот на режисерот Сем Мендес ги заслужува максималните пет ѕвезди и е “ужасно возбудлив, импресивен и неверојатно забавен”.

Друго британско издание,  “Тајмс”, го утврди новиот филм како “болно кул”, додека за “Индипендент” тој е “апсолутно еднаков на претходниот” од 2012 година “Скајфол”.

Филмот, чија премиера е следната недела, беше претставен пред критичарите вчера. Во него Даниел Крег повторно влегува во улогата на британскиот шпион Џејмс Бонд, кој во новата лента мора да се бори со меѓународна криминална мрежа.

Покрај Крег во “Спектар” учество земаат и двократниот добитник на “Оскар” Кристофер Валц, француската актерка Леа Сејду и италијанската кино икона Моника Белучи.