Машкиот егоизам кој толку ги нервира жените особено доаѓа до израз кога тие се со нивните пријатели, па не би требало да се зачудите ако вашиот сакан глуми нечувствителен и недопирлив мачо мен пред нив.
Секоја жена барем еднаш во животот сретнала некој „фраер“ кој кога е насамо со неа е прекрасен и нежен, но штом некој од неговите пријатели се појави, или кога сте во пошироко друштво, тој се претвора во ужасно момче кое на сите начини се обидува да се покаже дека е кул.
Најлесниот начин како да го постигне тоа е да глуми како да не му е важно за неговата девојка – затоа што повеќето од нив мислат дека вистинските фраери се нечувствителни и горделиви индивидуалци на кои другарите им се поважни од врската. Еве како можете да го забележите дали е еден од нив.
1. Ја навредува вашата женственост
„Зошто го носиш тоа?“ – еден од најлошите примери.
Вистината е дека многу му се допаѓа како изгледате, но затоа што сака да ги импресионира другарите и да испадне кул маж кој не сака дотерани девојки, можно е да ви го рече ова.
2. Глуми дека мрази врски
Иако може да му биде најубаво во врската со вас и веројатно е свесен за сите предности во вашиот однос, сепак знае дека фраерите пред друштвото не треба да покажуваат романтика и никако не смеат да откријат дека им е пријатно во друштво на убава девојка која ја сакаат. Затоа ќе глуми дека секаков вид врзување му е напорно.
3. Не сака да покажува емоции
Ако се случи да му кажете нешто убаво пред други луѓе, а тој само ви преврти со очите како тоа да му оди на нерви, тогаш имате работа со типичен глумец кој се обидува да се докаже. Секако дека му годат вашите убави зборови, но сака да се покаже како нечувствителен пред неговата машка екипа.
4. Кога е со друштво ве третира многу поинаку отколку кога сте сами
Кога е сам ви се јавува на телефон и звучи навистина заљубено, но штом е во близина на некој другар, го менува гласот и се однесува како да му е сеедно, дури и како да сте му напорни. Ваквите мажи се лажни мачо типови кои мислат дека вистинскиот маж не смее да покажува емоции, иако кога сте сами се однесува како мало дете кое е зависно од вас.