Непријатна состојба, која е дел од животот на многу луѓе е настинката. За среќа би можеле со алтернативни методи да ги активираме силите на телото и да се справиме со болеста, пред да се задлабочи и да премине во нешто посериозно од настинка.
За целта пробајте ја докажаната масажа на следниве точки на лицето:
Точка 1: Таа се наоѓа точно помеѓу веѓите. Притиснете и задржете околу една минута.
Точка 2: Овие точки се наоѓаат во областа на слепочниците или поточно 2 см од надворешниот крај на веѓите. Треба да ги притиснете истовремено.
Точка 3: Две симетрично распоредени точки во основата на носот, блиску до внатрешниот агол на очите. Масирајте ги истовремено.
Точка 4: Симетрично распоредени точки на околу половина сантиметар странично од ноздрите.
Точките е неопходно да се притискаат со врвот на прстите околу 1 минута. Притиснете силно, но не и до болка. Не е важно во кој правец ги правите движењата со прстот. Смислата е да има притисок врз точката. Основната цел е да предизвикате прилив на крв во дадената точка.