Ако помисливте дека можеби се работи за лежење на кауч, дефинитивно се лажете, оваа понуда е далеку од нешто такво.
Па дали би сакале да работите на работно место кое се состои само од шестчасовно лежење? Многумина веднаш би прифатиле и би кажале “да”, но кога подобро ќе прочитате за што станува збор ќе ви стане многу појасно па веројатно и би се откажале од помислата за работа на едно вакво работно место.
Оваа бизарна работа од соништата неодамна ја понуди погребалниот завод во Вроцлав од Полска. Всушност, тие им нудат на сите заинтересирани за плата од 750 евра и работа од шест часа вневно, пет дена во неделата, да лежат во внатрешноста на мртовечки ковчег.
За оваа работа не се потребни никакви вештини, доволно е само неподвижно да лежите шест часа. Единствено што бараат е елегантна облека и храброст за ова невообичаено вработување.
Храброста и елеганцијата се потребни затоа што се плаќа за лежење во ковчег во излогот на ова погребално претпријатие, пред очите на минувачите, а работодавачот гарантира дека работното место ги следи сите закони според договорот за работа: договор, шестчасовно работно време, слободни викенди, а освен ова нуди и попуст во случај на погреби на блиски членови на семејството.
Репортерите на полскиот магазин Gazeta Wyborcza започнале потрага по огласот кој набрзо исчезнал од понудата па токму затоа тргнале во обиколка на неколку погребални претпријатија, но сепак не го нашле оној работодавач кој барал службеник за спиење во мртовечки ковчег.
Во четири погребални претпријатија во самиот центар на Вроцлав веруваат дека овој оглас е можеби само една невкусна шега, иако платата е сосема одговарачка за она што се нуди, а таквата реклама со сигурност би привлекла публицитет и клиенти.
Главниот проблем е што излозите на повеќето погребални претпријатија во центарот на Вроцлав се толку мали што во нив мртвечки ковчег не ни би можел да се постави.