Лонгорија: Навистина сум заљубена, повеќе од било кога!

popara20 јули, 20153min00
4

Ева Лонгорија ужива во својот љубовен живот. Латино актерката, која беше во 4-годишен брак со францускиот кошаркар Тони Паркер, очигледно е заљубена повеќе од било кога. Таа е уловена од објективите на папараците, не можејќи ниту за момент да му одолее на нејзиното момче Хозе Антонио Бастон, познат мексикански бизнисмен, кој пак, не може да ги тргне рацете од жешката Ева. Од нивните допири и страстни прегратки летаат искри на сите страни.

Парот е заедно од 2013-та година, а моментално е одмор на италијанскиот остров Капри.

Тој можеби не изгледа привлечно како кошаркарот, но судејќи според фотографиите, очигледно има многу повеќе од тоа штом згодната Ева покрај него сјае и се топи како тинејџерка.

– Навистина сум заљубена, повеќе од било кога. Секој миг поминат со него е благослов, се отвори Лонгорија за Daily Mail Australia.

Во врска со нејзината завидна фигура и одличниот изглед и на 40-тата година од животот, таа вели:

– Луѓето сакаат да ја знаат тајната на добриот изглед, но не постои такво нешто. Заљубена сум и токму тоа влијае најмногу на изгледот. Исто така, водам добра грижа за себе. Тоа не е тајна. Се исхранувам здраво и вежбам.

Ева открива дека беспрекорниот изглед кој го има пред камерата всушност е резултат на „милион трикови“ и го нарекува илузија. Позади дизајнерската креација, совршено направената фризура и шминка, стои цела армија на стилисти кои се фаќаат за работа со неа уште од самото утро, со цел таа да сјае на црвениот тепих.

– Тоа е цел процес. Имам милион трикови – вештачки трепки, мидер, специјална долна облека која не остава рабови… Не можеш туку така да излезеш од кревет изгледајќи така. Потребна е пеколна работа.

Инаку, актерката вели дека во секојдневието, нејзиниот стил е многу поинаков и е рефлексија на нејзината личност.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag